Развој на вештини за циркуларен текстилен екосистем: Серијата VERDEinMED прирачници за обучувачи
Клучен резултат на проектот VERDEinMED беше развојот на серија од седум прирачници наменети за обучувачи и развивачи на програми за обука кои работат на транзицијата на текстилниот и конфекцискиот (T&C) сектор кон модели и екосистеми на циркуларна економија. Секој прирачник опфаќа различна тематска област, а заедно претставуваат сеопфатна колекција која ги обработува сите аспекти на циркуларната економија во текстилниот и конфекцискиот сектор. Крајната цел на оваа серија прирачници е да придонесе кон создавање квалификувана работна сила во текстилната и конфекциската индустрија, способна да поддржи развој насочен кон одржливост.
Серијата прирачници ја одразува посветеноста на VERDEinMED кон зајакнување на знаењата, вештините и градењето капацитети за поодржлив и циркуларен текстилен екосистем.
Запознајте се со серијата VERDEinMED прирачници за обучувачи:
- Прирачник #1: Глобална димензија на текстило
- Прирачник #2: Еко-дизајн стратегии
- Прирачник #3: Управување со текстилен отпад
- Прирачник #4: Циркуларни бизнис модели
- Прирачник #5: Иновации во дигитални решенија и следливост
- Прирачник #6: Промовирање на одржлива потрошувачка
- Прирачник #7: Истражување и иновации за одржлив развој
