Од спортски дресови до нови производи: циркуларна практика од Штип

Од спортски дресови до нови производи: циркуларна практика од Штип

Фабриката Depacon од Штип му дава нов живот на неискористениот спортски текстил, претворајќи дресови, шорцеви и друга спортска опрема во чанти, капи и функционални додатоци.

Материјалите ги собира холандскиот партнер This Is FC88 од спортски клубови, федерации и национални репрезентации, особено по промена на спонзори, добавувачи на опрема или колекции. Наместо неискористената опрема да биде уништена, таа се доставува во Штип, каде што се крои, редизајнира и шие во нови производи. Притоа се задржуваат препознатливите бои и детали од оригиналните дресови.

Овој пример покажува како апсајклингот може да го намали текстилниот отпад, да ја продолжи употребата на постојните материјали и да создаде нова економска вредност. Истовремено, тој ја истакнува улогата на локалното текстилно производство во развојот на практични решенија за циркуларна економија.

Повеќе информации: Reuters – From trash to fashion: old soccer jerseys find an eco-friendly second life



verdeinmed 1500 white en