VERDEinMED ги претстави клучните резултати од проектот на завршната конференција
- На настанот, одржан во Солун, учествуваа говорници од Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија, Textile ETP, Fashion for Good и други интернационални институции.
- Проектот, кофинансиран со речиси 3 милиони евра во рамките на Interreg Euro-MED програмата, резултираше со корисни алатки и материјали што ќе останат достапни и по неговото завршување, меѓу кои и VERDEinMED Платформа на знаење, која служи како дигитален центар за иницијативи поврзани со циркуларноста.
Скопје, 18 март 2026. Европскиот проект VERDEinMED ја одржа својата завршна конференција, насловена „Унапредување на циркуларниот и одржлив текстилен сектор“, на 13 март во Градското собрание на Солун. Настанот го означи заокружувањето на напорите на проектот за промоција на циркуларноста во медитеранскиот текстилен сектор. На конференцијата присуствуваа експерти од разни европски институции, регионални и локални власти, истражувачки центри и претставници од индустријата.
Конференцијата ја отворија Хрисовалантис Кетикидис, истражувач во Центарот за истражување и технологија – Хелас (CERTH) и координатор на VERDEinMED, и Харис Палиоџијанис, виш службеник за политики и програми во MIO-ECSDE. Во своите обраќања тие ги претставија целите на проектот VERDEinMED и се осврнаа на улогата на Мисијата „Innovative Sustainable Economy“ во рамките на Interreg Euro-MED програмата, преку која проектот беше кофинансиран.
По воведниот дел следуваа три работилници и две тркалезни маси на кои учествуваа говорници од орканизации како Заедничкиот истражувачки центар (JRC) на Европската комисија, Textile ETP, Fashion for Good, меѓу другите.
VERDEinMED, со вкупен буџет од речиси 3 милиони евра, започна во јануари 2024 година. Во текот на имплементацијата, проектот воспостави национални текстилни хабови, организираше living lab настани, train-the-trainers програми, како и VERDE академии, насочени кон поттикнување дијалог со носители на политики и унапредување на условите за одржлива трансформација на текстилниот сектор. Покрај тоа, во рамки на проектот беа изработени низа јавно достапни документи и проектни резултати, како и три главни иницијативи: Платформа на знаење, комуникациска кампања на социјалните медиуми и специјализирана техничка поддршка на текстилни компании.
Платформа на знаење за поддршка на циркуларната транзиција
Еден од главните резултати на проектот е VERDEinMED Платформата на знаење, која е јавно достапна и наменета за широк круг чинители од текстилниот синџир на вредност. Платформата претставува дигитален простор што обединува алатки, податоци, добри практики и ресурси ревидирани од експерти, со цел да им помогне на компаниите и останатите засегнати страни полесно да применуваат поодржливи и циркуларни практики.
Комуникациска кампања на социјалните медиуми
Во рамки на проектот беше реализирана и комуникациска кампања преку видеа на социјалните медиуми, со цел подигање на јавната свест за текстилниот отпад и неговото влијание врз животната средина. Во кампањата учествуваа партнери од Бугарија, Грција, Италија, Северна Македонија, Португалија, Словенија и Шпанија, а видеата достигнаа повеќе од 26.500 уникатни прегледи.
Видеата, снимени во различни земји, им помогнаа на граѓаните подобро да го разберат влијанието на модната индустрија врз животната средина, како и улогата на потрошувачките навики во поттикнувањето на поодржливи практики, преку пристап заснован на факти, податоци и научни сознанија.
Техничка поддршка за текстилните компании
Во последните неколку месеци, VERDEinMED обезбеди специјализирана Техничка поддршка на текстилни компании (TAS) со цел да им помогне на текстилните компании во примената на принципите на циркуларната економија и во забрзувањето на нивната транзиција кон поодржливо работење. Преку оваа активност беше обезбедена менторска поддршка за вкупно 37 случаи во седум територии: Грција (6), Португалија (3), Северна Македонија (5), Словенија (6), Бугарија (4), Италија (8) и Шпанија (7).
Компаниите добија насоки и поддршка од квалификувани ментори, меѓу кои консултантски компании, истражувачки институти и независни експерти. Поддршката опфати теми како одржлива иновација на производи, климатски предизвици, нови меѓународни правни и регулаторни барања, како и означување и усогласување со стандарди.
За VERDEinMED
VERDEinMED е европска иницијатива насочена кон промовирање на одржливоста и циркуларноста во текстилниот сектор. Проектот обединува 10 партнери и 17 придружни партнери од 11 земји, со цел намалување на влијанието врз животната средина, а воедно поттикнување на иновациите и конкурентноста во секторот. Вкупниот буџет на проектот изнесува 2.848.602,00 евра, а проектот е кофинансиран од програмата Interreg Euro-MED.
- Платформата на знаење: https://knowledge.verdeinmed.eu/
- Веб-страница на проектот: https://verdeinmed.interreg-euro-med.eu/
- Facebook: https://www.facebook.com/verdeinmed/
- Instagram: https://www.instagram.com/verdeinmed/#
- LinkedIn: https://www.linkedin.com/company/verdeinmed
- YouTube: https://www.youtube.com/@VERDEinMEDproject
Повеќе информации:
Chrysovalantis Ketikidis (координатор) – Centre for Research and Technology – Hellas: [email protected]
Sofía Sánchez (Комуникацја) – Technological Corporation of Andalusia:
