Европа со план за зелена транзиција на текстилната индустрија
Европската унија го претстави својот план за транзиција на текстилниот екосистем, чија цел е индустријата да стане позелена, подигитализирана и поодржлива. Стратегијата се фокусира на воведување еколошки практики за зголемување на конкурентноста, поддршка на истражувања и иновации за развој на нови одржливи решенија, како и на развој на инфраструктура преку изградба на центри за рециклирање и циркуларна економија. Дополнително, таа предвидува унапредување на знаењата и вештините на работниците за да може индустријата успешно да ја спроведе оваа трансформација.
До 2030 година, европскиот пазар треба да понуди текстилни производи кои ќе бидат поиздржливи, полесни за рециклирање и најголем дел произведени од рециклирани материјали. Воедно, производите треба да бидат без опасни супстанции и создадени во фер и етички работни услови, со што ќе се гарантира одржливост и заштита на животната средина.
Повеќе информации може да се најдат на линковите: План за транзиција на текстилниот екосистем и EU Textiles Ecosystem Platform.
