Закон за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад

ChatGPT Image Aug 31, 2025, 02 33 46 PM

Закон за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад

Со овој закон се уредува видот на одговорноста на производителите по завршувањето на фазата на консу-
мирање на производите што ги пуштиле на пазарот во Република Северна Македонија и начинот на нејзиното
остварување заради собирање, преработка и рециклирање на посебните текови на отпад што ги создале произ-
водителите со пуштањето на своите производи на пазар, условите, постапката и начинот на организирање за-
ради остварување на проширената одговорност, условите и начинот на финансирање на мерките заради испол-
нување на проширената одговорност на производителот, правата и обврските на општините и другите субјек-
ти кои имаат удел во постапувањето со посебните текови на отпад, како и други прашања што се од важност
за навремено и целосно остварување на проширената одговорност на производителите.

Основни цели на овој закон се:

– обезбедување на еднакви услови за работа на производителите кои пласираат одделни производи на пазарот со чија употреба се создава отпад што припаѓа на посебните текови на отпад со цел да го реализираат својот удел во спроведувањето на проширената одговорност на производителот и во постигнувањето на националните цели,

– обезбедување на собирање на максимални количини на посебен тек на отпад и обезбедување на повторна употреба и најсовремена преработка и рециклирање напосебните текови на отпад, со цел постигнување на националните цели за собирање, повторна употреба, преработка и рециклирање утврдени во прописите за посебните текови на отпад (во натамошниот текст: национални цели), како и постигнување на високо ниво на заштита на животната средина и здравјето на луѓето, согласно со принципот на одржливост,

– спречување на влијанието врз животната средина од производите и посебните текови на отпад создадени со и по нивната употреба во најголема можна мера, преку обезбедување на висок степен на заштита на животната средина и здравјето на луѓето од една страна и обезбедување на непречено функционирање на внатрешниот пазар преку спречување на создавање на пречки во слободната размена на производи или нарушување на конкурентноста на внатрешниот пазар обезбедена согласно со домашното и меѓународното зако нодавство, од друга страна,

– обезбедување на еднакви услови за работа на колективните, односно самостојните постапувачи, кои
управуваат со посебните текови на отпад преку утврдување на единствени правила и постапки за нивно фор-
мирање и работење,

– oбезбедување на транспарентност во работењето на производителите, односно колективните и самостој-
ните постапувачи со посебните текови на отпад,

– oбезбедување точни и ревидирани податоци за количините на производи што се пуштаат на пазарот во Република Северна Македонија и за отпадот што се создава со нивната употреба, како и обезбедување на нивна достапност со цел да се овозможи професионална средина за работа со соодветен надзор,

– обезбедување на точни и ревидирани податоци за количината на собраниот, преработениот и рециклиран посебен тек на отпад и со тоа подобри услуги поврзани со управувањето со посебните текови на отпад и зголе- мување на процентот на нивното собирање, преработка и рециклирање што ќе резултира во подобрување на потенцијалот за развој на секторот за управување со отпадот и

– информирање на јавноста и подигнување на јавната свест за производите и видот на отпад што се создава со нивната употреба, за начинот на кој може граѓаните да се вклучат во управувањето со посебните текови на отпад, како и за влијанието на отпадот врз животната средина и здравјето на луѓето.

Повеќе информации и официјален текст на Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад можете да најдете на веб-страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање:

Закон за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад – Министерство за животна средина и просторно планирање (MOEPP)



verdeinmed 1500 white en