М2 – Прашалник за испитување на потрошувачки навики и одржливост во текстилниот сектор

ChatGPT Image Aug 9, 2025, 10 50 47 PM

М2 – Прашалник за испитување на потрошувачки навики и одржливост во текстилниот сектор

Текстилната индустрија има значајно влијание врз животната средина, а начинот на кој купуваме, користиме и се ослободуваме од облеката игра клучна улога во тој процес. Со цел подобро да го разбереме нивото на информираност, навиките и ставовите на потрошувачите, подготвивме прашалник кој опфаќа теми како купувачки навики, познавање на концептот на одржлива мода и циркуларна економија, користење на природни и синтетички материјали, како и подготвеноста за промена на однесувањето кон поодржливи избори.

Вашето учество ќе придонесе за создавање на појасна слика за тоа како потрошувачите ја перцепираат одржливоста во модата и текстилот, а резултатите ќе помогнат во креирање на едукативни и практични иницијативи кои ќе го намалат негативното влијание врз животната средина на овој сектор.

Ви благодариме однапред за одвоеното време! Прашалникот е целосно анонимен и пополнувањето одзема помалку од 5 минути.


👉 Кликнете тука за да го пополните краткиот прашалник



verdeinmed 1500 white en